Еден од најбараните европски криминалци уапсен во Барселона (ВИДЕО)

од Milan1

Кочан, кој словенечките власти го опишаа како „мета од висока категорија“, живеел со своето семејство под лажно име во луксузен кварт во северна Барселона.

Енис Кочан, еден од најбараните европски криминалци е уапсен во Барселона.

Кочан, за кој медиумите пишуваат дека е роден во Беране, а сега е словенечки државјанин, е обвинет дека организирал транспорт на 300 килограми хероин од Иран во Словенија, за што му се заканува казна затвор од десет години.

Кочан, кој словенечките власти го опишаа како „мета од висока категорија“, живеел со своето семејство под лажно име во луксузен кварт во северна Барселона.

Медиумите јавуваат дека во соработка со словенечката полиција, шпанските истражители успеале да му влезат во трага на лажниот идентитет на Кочан и да го пронајдат во луксузно предградие.

Европол издаде налог за негово апсење откако тој заедно со уште четири лица по море, преку контејнер кој пристигнал во пристаништето Копер, внесувал дрога во Словенија.

Во 800 вреќи лепило за плочки биле сокриени околу 300 килограми дрога

По пристигнувањето на пристаништето, неговата организација ја сокрила дрогата во магацин, а истиот ден Кочан отишол да ја товари дрогата во две возила, но после тоа му се губи трагата.

Слични содржини