Една година по неговото раѓање, откриено името на синот на Ријана и ASAP Роки

од Stefanija Kuzmanovska

Една година по неговото раѓање, конечно е откриено името на синот на Ријана и ASAP Роки.

Имено, „Дејли Мејл“ дошол до копија од изводот на родените на малото момче, во која пишува дека парот му го дал името RZA Ателсон Мајерс. Тој го добил презимето на раперот чие вистинско име е Раким Мајерс.

Ријана и ASAP Роки очигледно му дале име на својот син во чест на музичкиот продуцент и рапер RZA, фронтмен на њујоршката хип-хоп група Wu-Tang Clan. По породувањето, пејачката неколку пати беше фотографирана во облека со името на тој бенд, а познато е дека нејзиниот партнер соработувал со членот на групата Реквон.

Се чини дека парот на својот син му го дал средното име Ателсон, кое го има и ASAP Роки.

Да потсетиме, пејачката и ASAP Роки се заедно од крајот на 2020 година, а пред да започнат врска, тие беа долгогодишни пријатели и тој беше дел од нејзината турнеја Diamond во 2013 година.

Слични содржини