Едно лице загина во сообраќајка меѓу камион и автомобил

од Milan1

„Денеска (19.02.2022) околу 11.40 часот во полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален патен правец с.Ропотово-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (33) од Битола и патничко возило „форд галакси“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(71) од Македонски Брод.

На местото на несреќата починал С.Р.. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција“, информираат од МВР.

Слични содржини