Едноставен трик со кој ќе го одвоите детето од екраните

од desk2

Кога сакате да го прекинете детето кое се залепило на некој од екраните, седнете до него и направете го следното.

Ако ви се доста кавги со своите деца околу компјутерот, телевизорот, таблетот и паметните телефони, можеби е ви помогне советот од една мајка објавен на сајтот Parent.com.

Наместо да предупредувате, да се заканувате, да и ги одземате екраните од раце, да им го гаснете уредот, Анита Лиман препорачува „да изградите мост“ со своето дете приковано за екранот и на тој наин да го вовлечете во реалниот свет на суптилен но далеку поефикасен начин.

„Кога и да одлучите дека е време детето да престане со гледање во екранот, одвојте малку време и седнете покрај детето, обидуваји се да влезете во неговиот свет. Гледајте телевизија со него или седнете покрај компјутерот и гледајте како масакрира вонземјани. Не мора долго, доволна е само минута. Само учествувајте во неговото искуство. А потоа поставувајте му прашања за тоа што го прави“.

„Што гледаш?“ може да е сосема доволно за некои деца, додека пак на други да и се постават поконкретни прашања. „На кое ниво си сега?“ или „Таа смешна фигура во позадина, кој е тој?“

Сите деца сакаат кога родителите се интересираат за нивниот свет. Ако се преногу обземени со она што го прават и не реагираат, не се откажувајте. Само поседете уште малку, па прашајте уште нешто.

Еднаш кога детето ќе почне да одговара на вашоте прашања и да ви зборува за тоа што видело на екранот или што направило во виртуелниот свет, тоа значи дека почнало да излегува од зоната на отуѓеност и да се враќа во реалниот свет. Полека станува звесно за вашето присуство. Сте изградиле мост и сте почнале да комуницирате и чудото ќе се случи.

Сега може полека да почнете да разговарате за тоа дека е време за јадење или за бањање, дека е време да заврши со игрите. Затоа што претходно сте се поврзале, детето полесно ќе ве послуша. Вниманието кое сте му го посветиле можеби ќе му биде дури и подраго од екранот во кој гледал дотогаш./Мајка и дете

Слични содржини