Едштадлер: Зелениот пасош да се прошири и на земјите од Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Министерката за Европа во австриската влада, Каролине Едштадлер процени дека планираниот „зелен пасош“, кој треба да биде усвоен во ЕУ како документ што овозможува патување за време на пандемија, да се „прошири“ на трети земји, особено на Западен Балкан.

„Зелениот пасош“ треба да содржи информации за минато заболување, негативен тест за корона или вакцинација, што би овозможило патување.

Едштадлер, која е во посета на Тирана, за АПА изјави дека Западен Балкан е регион кој е близу до неа, од каде потекнуваат голем број нејзини граѓани, и затоа смета дека „зелениот пасош“ треба да се примени на овие земји.

Таа рече дека земјите од Западен Балкан, кандидати за членство во ЕУ, треба да бидат ориентирани кон ЕУ при изготвување на сертификати и технички услови, за нивните граѓани да можат безбедно да патуваат во Австрија.

„Ова исто така важи и за другата насока. Летната сезона е на самиот агол. Колку и да е убаво да се одмори во Австрија, можам да разберам дека граѓаните сакаат да го поминуваат летото на море, а тука Западен Балкан е многу близу“, објасни Едштадлер.

Додаде дека ова треба да се примени и на трети земји, а за Австрија тие се Западен Балкан, Шпанија, Португалија и земјите од Јужна Америка.

Слични содржини