Едвај препознатлива: Меган Фокс изненади со промена на изгледот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот модел и актерка Меган Фокс често експериментира со својот изглед, особено со фризурата.

Така таа неколку пати ја менуваше должината и бојата на косата, а сега уште еднаш ги изненади своите обожаватели.

Имено, Меган и нејзиното момче Машин Ган Кели беа фотографирани за време на прошетка, а посебно внимание привлече и поради атрактивниот изглед и поради промената што ја направи.

Косата на Фокс беше скратена и обоена во црвено, а многумина коментираа дека едвај ја препознале.

И додека на некои луѓе им се допаѓа оваа промена на Меган, други мислат дека црната коса ѝ стои подобро.

Слични содржини