Египет ги обвини Муслиманско братство за нападот врз коптската црква во Каиро

од Vladimir Zorba

Египетското Министерство за внатрешни работи го обвини Муслиманско братство кои се активни во Катар, дека го финансирале нападот врз црква во Каиро во неделата кога загинаа 25 луѓе.

Досега никој не презеде одговорност за нападот во кој имаше најголем број жртви во коптската христијанска заедница во Египет.

Муслиманско братство негираа дека се одговорни за нападот врз црквата Свети Петар и свети Павле.

Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси изјави вчера дека напаѓачот бил Махмуд Шафик Мустафа, кој активирал експлозив што го носел на себе. Тој бил уапсен во 2014 година кога бил обезбедување на Муслиманско братство, но бил ослободен.

Слични содржини