ЕК: Евреите во Европа повторно живеат во страв

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија денеска оцени дека „Евреите во Европа повторно живеат во страв“ и остро го осуди „оживувањето“ на антисемитските инциденти ширум Европската унија по избувнувањето на конфликтите на Блискиот Исток.

„Зголемувањето на антисемитските инциденти ширум Европа во изминатите денови потсетува на некои од најмрачните периоди во историјата“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Комисијата додаде дека тие случаи се против се што претставува Европа, против европските основни вредности и против европскиот модел на општество.

Слични содржини