Еврокомисијата е  категорична дека Грција не ги исполнува обврските

ограда прГрција игнорира своите обврски за надворешна граница на ЕУ во рамките на миграциската  криза. Ова се наведува во извештајот, кој доколку биде усвоен од земјите членки, ќе им даде на Атина три месеци за повторно придржување  и враќање кон обврските. Извештајот на ЕК доаѓа на позадината на зголемените тензии врз Грција за подобро справување со миграцискиот  поток. Некои од земјите во ЕУ дури предложија Атина да биде исклучена од Шенген зоната за слободно движење.  Во “Работната верзија на извештајот се заклучува дека Грција сериозно ги занемаруваат своите обврски и има сериозен недостиг во однос на граничната контрола, кој треба да биде надминат”, соопшти заменик-претседателот на комисијата Валдис Домбровски на прес-конференција. Ако Грција нема да ги извршува своите обврски во рамките на Шенгенскиот договор, земјите-членки на ЕУ ќе добијат право да ги затвораат своите граници, рече уште тој. Извештајот е базиран на европска мисија, испартена во ноември на грчко-турската граница, како и на неколку острови во Егејското Море – главните места од каде што мигрантите се насочуваат кон ЕУ. Според Домбровски земјата не успеа во однос на задоволително регистрирање и симнување на отпечатоци од мигранти кои  влегле на територијата на Грција од Турција. / АФП

Слични содржини