Експертите предупредуваат: Ако ги имате овие апликации на Android, избришете ги

од Stefanija Kuzmanovska

Продавницата за апликации на Google нуди еден куп практични и корисни програми, но се почесто можеме да наидеме на такви кои можат да предизвикаат штета.

Компанијата за сајбер безбедност Pradea ги предупредува корисниците на Android за неколку опасни апликации кои може да се преземат од Google Play Store. Станува збор за апликациите File Recovery & Data Recovery и File Manager, кои, според Pradea, кријат шпионски софтвер и ја загрозуваат приватноста и безбедноста на околу 1,5 милиони корисници на платформата.

Апликациите доаѓаат од истиот развивач по име Wang Tom, a дизајнирани се да работат сами и тивко да испраќаат чувствителни кориснички податоци во Кина. Апликациите копираат и испраќаат податоци за контактите на телефонот, контактите за е-пошта и контактите на социјалните мрежи. Тие исто така собираат и испраќаат фотографии, аудио и видео снимки и ја пренесуваат локацијата на корисникот во реално време и информации за марката и моделот на уредот, оперативниот систем, мобилниот број и мобилната мрежа. Самата апликација во описот нагласува дека не собира податоци, но аналитичарите откриле дека тоа не е точно.

Pradea предупредува дека во продавницата на Google Play може да се најдат неколку апликации со исто име, но само оние од кинеските програмери се покажале опасни. Google ги отстрани апликациите од Play Store по извештајот, но не пред околу 1,5 милиони корисници да ги инсталираат на своите уреди.

Слични содржини