ЕКСПЛОЗИЈА во турско пристаниште, густиот црн чад предизвика паника (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во турското пристаниште Самсун на брегот на Црното Море дошло до експлозија и избувнал голем пожар.

Пожарникарите се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Според првите неофицијални информации како што пренесуваат турските медиуми, во близина на еден објект се запалила цистерна со нафта.

Густиот црн чад кој се кренал предизвикал паника.

Патем, од почетокот на извозот на украинско жито, црноморското пристаниште Самсун стана важна точка каде што се врши инспекција пред бродот да замине за крајната дестинација.

Слични содржини