Експлозии во Русија: Напади со дронови врз Москва, Ростов и Брајанск (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украински дронови беа соборени во близина на Москва, јужниот регион Ростов и југозападниот регион Брјанск во раните утрински часови, соопштија руските власти, пренесе РИА.

Како што јави агенцијата ТАСС, три згради се оштетени во градот Ростов на Дон, а едно лице е повредено кога еден од дроновите се урнал во центарот на градот. Уште еден дрон во Ростовската област паднал надвор од градот.

Во Брјанск, остатоци од еден од двата уништени дрона ги скршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, јави новинската агенција „Интерфакс“.

Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на зградата на Командата на рускиот јужен воен округ, местото од каде се координира руската агресија врз Украина.

Слични содржини