Електронски може да се провери статусот на предметите за приватизација на градежно земјиште

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Статусот на предметите за приватизација на градежно земјиште може да се провери и електронски преку платформата privatizacija.finance.gov.mk.  Тоа може да се направи со внесување архивски број на предметот, времето на поднесување и катастарската парцела и општината. Ако подносителот нема податоци за парцелата ќе може да внесе  матичен број. Потоа на мејл што ќе биде наведен стасува информација за фазата во која е решавањето на предметот со што може да се види дали недостасува одреден документ или податок.

Со новата алатка на Министерството за финансии и Управата за имотно правни работи, може да се види статусот на 90.000 предмети, меѓу кои се и 7.500 нови, поднесени од јуни лани досега, кога беше овозможен нов рок за поднесување барања.

– Граѓаните и фирмите добиваат нова подобра услуга од Управата на едноставен начин од својот дом или канцеларија преку компјутер ќе можат да видат во која фаза е нивниот предмет. Ќе има поголема ефикасност во работата на Управата со тоа што граѓаните и фирмите ќе имаат постојан увид во која фаза е нивнит предмет, ќе прават притиск за погоелма ефикасност на Управата, рече денеска на прес-конференција министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој потенцираше дека новата платформа е прва дигитализирана услуга на Управата за имотно правни работи како дел од активнсосите за вкупна дигитализација на процесите при што институиците ќе ја користат технологијата во работата и ќе нудат подобри услуги за граѓаните.

– Наша цел е да бидеме ефикасна управа која ќе им служи на граѓаните и фирмите и ќе понуди квалитетна услуга, рече директорката на Управата за имотно правни работи Шасине Касами.

Таа информираше дека од вкупно поднесени 310.000 предмети остануваат за решавање околу 90.000 предмети. А појасни дека  времетраењето за решавање на предметот е различно и зависи од тоа дали е поднесена целосно документацијата и дали се совпаѓа со фактичката состојба. На граѓаните кои поднеле барање за приватизација до крајот на 2014 година им се испраќаат укажувања за да се комплетира документацијата односно да се обезбедат сите докази и да се решат предметите.

Во новата платформа веќе се внесени предметите од 2018 и 2019 година, а во наредниот период тоа ќе биде направено и со останатите предмети, поднесени до декември 2014 година до кога  со  претходниат рок се поднесуваа барања. По минатогодишните законски измени  се овозможи од јуни лани зкалучно со дкември 2021 година повторно да се поднесуваат барања за приватизација.

Слични содржини