Електронските никотински производи ефикасни во борбата против пушењето

од Stefanija Kuzmanovska
824 прегледи

Електронските уреди кои содржат никотин се најефикасното средство за откажување од пушење во Велика Британија, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во таа земја.

Податоците покажуваат дека употребата на овие уреди како дел од терапијата за откажување од пушење, во текот на претходните две години, имала една од највисоките стапки на успех во престанокот на пушењето, која се движи помеѓу 59,7 во 2019 година, односно и до 74 отсто минатата година. Се проценува дека во откажувањето на пушењето, дури 27,2 отсто од испитаниците се одлучиле за електронски никотински производи.

– Се претпоставува дека коронавирусот влијаел на навиките за пушење, но сè уште е рано да се процени целосниот ефект на пандемијата – се наведува во овој независен извештај, кој го спроведе Кралскиот колеџ во Лондон.

Истражувачите од Институтот исто така покажуваат загриженост дека „испитаниците погрешно го толкуваат релативниот ризик на овие уреди во споредба со цигарите кои согоруваат тутун“.

– Најдобар избор кој секој пушач може да го направи е целосно да се откаже од тутун и никотин. Оние кои не сакаат да го сторат тоа, имаат трет избор, а тоа е да се информираат за помалку штетни алтернативи – навела Бети Александра Јешиќ, општ лекар.

Таа посочи дека постојат бројни студии кои потврдуваат дека производите кои не согоруваат тутун се значително помалку штетни од цигарите и чадот од тутунот, кој покрај јаглерод моноксид и катран содржи и околу 100 познати канцерогени супстанции.

Слични содржини