Елен Деџенерис и Поршија де Роси ја слават седмата годишнина од бракот денес, објави електронското издание “Фимејл фирст”.7ea36f30-9752-11e4-8b77-154e275c8b21_Ellen-Portia-split

Двојката се венча на 16 август 2008 година, набргу откако Американската сојузна држава Илиноис, Калифорнија ги дозволи истополовите бракови. Деџенерис ѝ предложила брак на партнерката со прстен со трикаратен розов дијамант. На самата свадба присуствуваа само 17 гости, меѓу кои и родителите на младенците.ellen-degeneres-portia-de-rossi

Во 2012 година судот во Лос Анџелес овозможи на Де Роси да го земе презимето на сопругата и сега целото нејзино име е Поршија Ли Џејмс Деџенерис. Во 2013 година тие јавно соопштија дека не сакаат да имаат деца.

Слични содржини