Елтон Џон потресен од смртта на кралицата Елизабета: Имаше важна улога во мојот живот

од Nikola Popovski

Музичарот се огласи по веста која ја обиколи планетата.

Познатиот музичар Елтон Џон проговори по смртта на британската кралица Елизабета Втора.

„Како и остатокот од нацијата, длабоко ме растажи веста за смртта на нејзиното кралско височество, кралицата Елизабета“, започна Елтон.

Тој изјави и дека таа е „инспиративно суштество кое достоинствено ја водеше земјата низ некои од најубавите, но и најмрачните моменти“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

„Кралицата Елизабета играше важна улога во мојот живот од детството до денес и многу ќе ми недостига“, напиша меѓу другото музичарот.

Слични содржини