Елтон Џон за кралот на попот: „Мајкл Џексон беше ментално болна, вознемирувачка личност“

од Stefanija Kuzmanovska

Елтон Џон во своите мемоари го нарече „кралот на попот“ Мајкл Џексон „ментално болна, вознемирувачка личност“.

Автобиографијата на 75-годишниот музичар наречена „Јас: Елтон Џон“ е полна со шокантни откритија од неговиот живот под рефлекторите, а во еден дел тој детално ги опишува неговите дружби со покојната ѕвезда.

Во текот на својот живот, Џексон често беше опкружен со различни контроверзии, а неодамна беше и тема на осудувачкиот документарен филм, „Leaving Neverland: Michael Jackson and Me“, во кој Џејмс Сејфечак и Вејд Робсон искрено зборуваа дека како деца биле поканети на ранчот на пејачот, на врвот на својата слава, и го обвинија за долгогодишно злоставување.

Елтон Џон истакна дека Џексон бил многу сладок кога бил „само детска ѕвезда“ и дека немало знаци на лошо однесување, но потоа раскажал како значително се почувствувал пресвртот во неговиот живот.

„Во одреден момент растејќи, тој почна да се одвојува од светот и од реалноста на начин на кој тоа го правеше Елвис Присли“, тврди Елтон Џон.

Понатаму, Елтон Џон тврди дека забележал нешто погрешно во однесувањето на Џексон и почнал да шпекулира дека лековите на рецепт можеби влијаеле на тоа.

„Господ знае што му се случуваше во главата, а самиот Бог знае со какви лекови на рецепт го наполнија“, се наведува во мемоарите.

„Секогаш кога го гледав во неговите подоцнежни години, се враќав мислејќи дека кутриот тотално ги изгубил нервите“, рече Елтон Џон, додавајќи дека тоа не го мислел на благ начин, туку дека „навистина бил ментално болна и вознемирувачка личност“.

Инаку, мемоарите вклучуваат голем број други анегдоти, меѓу кои и одржувањето на вечера на која Силвестер Сталоне и Ричард Гир за малку ќе се скарале поради принцезата Дајана, времето поминато со кралицата, неговиот расправија со Тина Тарнер и неговиот тежок однос со неговата мајка.

Слични содржини