ЕМА би можела да ја одобри вакцината против корона за деца овој месец

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против коронавирус за деца може да биде одобрена подоцна овој месец, очекува првиот човек на Европската агенција за лекови (ЕМА), Емер Кук.

Кук за германски „Ханделсблат“ изјави дека моменталната цел за одобрување е јуни, но дека работи на забрзување на издавањето на дозволата до крајот на мај.

ЕМА во моментов ја анализира вакцината на Бионтек-Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години.

Соединетите држави веќе ја одобрија оваа вакцина за деца, а лекарите во Германија побараа тоа да се направи во Европа што е можно поскоро.

Слични содржини