Емили со колешката позираа голи во реклама за сопствениот бренд

Емили Ратајковски одамна докажа дека себе си си е најдобра реклама. Менекенката лансираше нова колексија за долна облека, со што се пофали на социјалните мрежи.

Таа заедно со уште една колешка позираше, облечени само во градник, танга и патики. Дури и снимиле и видео, а нивното голо издание го виделе скоро 10 милиони луѓе.

Коментарите не недостигале, а еден фан им порачал: Оваа објава ми се допаѓа повеќе него фотографиите на мојата сопруга.

Инаку, Ратајковски неодамна се најде во центарот на вниманието во Лос Анџелес, на премиера на филмот Uncut Gems.

Иако била облечена во црн фустан со кој покажа малку повеќе, сите очи беа вперени во нејзината рака, на која напишала: fuck harvey (еби го Харви), алудирајќи на сексуалниот предатор Харви Вајнстин.

– Денес Харви и неговото поранешно студио склопија спогодба од 25 милиони долари, со своите жртви. Вајнстин, обвинет за дела кои варираат од сексуално вознемирување со силување, нема да мора да ја признае вината или ќе ја плати – напишала Емили на социјалните мрежи.

Слични содржини