Среќниот Мајк се пофали со видео од емотивната средба. Пред четири години го загубил своето куче, а го нашле дури сега и тоа во друга провинција во Канада.
Мајк Плас живее во Тандер Беј, град на бреговите на Горното Езеро во провинцијата Онтарио. Во 2015 година шетајќи го кучето Џек тоа се ослободило од каишот и повеќе не го видел. Сега му го најдоа и тоа 700 километри далеку во градот Винипег во соседната провинција Манитоба.
„Најубавиот телефонски повик го примив вчера на рбора околу 2.40 попладне. Прифатилиште за животни од Винипег ми се јави, ме прашаа како се викам и дали сум имал куче по име Џек. Им кажа дека го загубив пред 4 години во Онтарио“, Мајк ја почнува својата трогателна приказна.
Публикувахте от Mike Plas в Събота, 21 септември 2019 г.
„Ми рекоа дека ме нашле преку податоците во микрочипот вграден во кучето кое пак било кај нив во Винипег. Дојдов дома и веднаш со сопругата Кензи, сестра ми и нејзиниот сопруг се спремивме и тргнавме со кола, а во до Винипег стигнавме наредниот ден. Отидовме до прифатилиштето и им кажав кој сум, им покажав слики од мене и Џек и тогаш го донесоа. Во моментов почувствував како животот ми се враќа во нормала. Без него воопшто не ми беше исто и чуството да го имам Џек назад е неописливо“.
„Никогаш, НИКОГАШ не губете надеж… Јас не загубив и после 4 години разделени во различни провинции еве повторно сме заедно“, завршува пресреќниот Мајк.