Ендрју Тејт останува во притвор уште 30 дена

од Vladimir Zorba

Самопрогласениот мизогинист и влијателен инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан ќе останат во притвор до 27 февруари, откако романскиот суд им го продолжи полицискиот притвор.

Двајцата се во полициски притвор од 29 декември, кога властите ги уапсија Тејт под обвинение дека биле дел од организирана криминална група која силувала и тргувала со луѓе.

Обвинителите рекоа дека браќата Тејт ги регрутирале своите жртви така што ги заведувале и лажно тврделе дека сакаат врска, а потоа ги принудувале да произведуваат порнографска содржина за голема финансиска добивка.

И двајцата ги отфрлија обвинувањата.

Синоќа во Атина се одржа митинг за поддршка на инфлуенсерот, пишува грчката „Прото тема“.

Десетици млади луѓе го организираа митингот за поддршка под слоганот „ослободете го Топ Џи“ (прекарот на Тејт).

На видеата објавени на социјалните мрежи, може да се забележат млади луѓе како минуваат низ плоштадот Синтагма и одат по улицата Ерма извикувајќи го овој слоган.

Слични содржини