Епидемијата на колера однесе 12 животи во Нигер: Тешка состојба и во нејзиното соседство

од Stefanija Kuzmanovska

Епидемијата на колера во јужен Нигер однесе 12 животи, 201 лице е заразено во три региони, а обилните дождови влијаат на понатамошното ширење на болеста, предупреди денеска министерот за здравство.

Јужен сосед на Нигер е Нигерија, која исто така се соочува со епидемија на колера во која од март оваа година починаа најмалку 653 луѓе во 22 од 36 држави, пренесува „Ројтерс“.

Властите во Нигер веруваат дека епидемиите се поврзани.

– Најголем број случаи се поврзани со епидемијата што беснее веќе неколку месеци во пограничните региони каде што има значително мешање на населението од двете страни на границата – посочи министерот за здравство на Нигер, д -р Иди Илијасу Маинасара и потсети дека епидемијата на колера ги зафати истите региони во 2018 година.

Границата на Нигер со Нигерија е во фокусот на епидемијата на колера, бидејќи населението на двете земји се движи слободно со минимални ограничувања, рече Маинасара.

Слични содржини