Еплгејт: Ова е веројатно моето последно доделување на награди

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Кристин Еплгејт веќе две години се бори со мултиплекс склероза, поради што на неодамнешна церемонија се појави со бастун.

Имено, таа на доделувањето на Здружението на филмски актери дошла во друштво на својата 12-годишна ќерка која ја држела за рака, додека со другата рака се потпирала на бастун на кој пишувало: „FU MS“ (е*и се мултиплекс склероза).

Еплгејт на доделувањето на наградите рече дека претпоставува дека тоа ќе биде нејзиното последно шоу на кое ќе присуствува како актерка.

„Ова е веројатно моето последно доделување на награди на кое ќе дојдам како актер, па затоа е голема работа. Во моментов не можам да замислам да станам во 5 часот наутро и да поминам 12 до 14 часа на снимање. Во моментов го немам тоа во себе“, изјави таа за „Лос Анџелес Тајмс“.

Слични содржини