Ербер и Мау триумфираа во двојки во Австралија

од Vladimir Zorba

Французите Пјер-Југ Ербер и Никола Мау се победници на турнирот во парови кај мажите од Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Во финалниот натпревар Ербер и Мау, кои беа под број 5 во шемата на турнирот, победија со 6:4, 7:6 (7: 1) над Австралиецот Џон Пирс и Финецот Хенри Континен. Ербер и Мау играат заедно како двојка од 2014-та година и по четврти пат освојуваат Гренд слем турнир во парови.

Претходните победи се на Отвореното првенство на САД во 2015-та година, на „Вимблдон“ во 2016-та и на Ролан Гарос во 2018-та. На овој начин двајцата Французи и по денешната победа станаа носители на т.н. кариерен „Гренд слем“, станувајќи шампион во сите четири турнири во различни години.

Тие стануваат под број 23 и 24 во историјата на тенисот, кои го имаат ова достигнување.

Слични содржини