Ердоган: Бајден да го повлече зборот „геноцид“ и да објасни што се случи со домородните Американци

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес апелираше до американскиот претседател Џозеф Бајден брзо да ја смени декларацијата за масакрот врз Ерменците извршен од Отоманската империја во 1915 година, откако Бајден го употреби зборот „геноцид“.

Ердоган рече дека таквата оценка е вознемирувачка и ги нарушува билатералните односи.

Декларацијата на Бајден во саботата ја разбесни Турција, која рече дека изјавата отвори „длабоки рани“ во односите што веќе се затегнати од бројни проблеми, пренесува Ројтерс.

Во првите коментари на изјавата на Бајден, Ердоган рече дека „погрешниот чекор“ ќе биде пречка за односите, а потоа ги советуваше САД „да се погледнат во огледало“ и додаде дека Турција сепак сака да воспостави „добрососедски односи“ со Ерменија.

„Претседателот на САД даде оценки кои се неосновани, нефер и неточни за тажните настани што се случија во нашиот регион пред повеќе од еден век“, рече Ергодан по состанокот на владата.

Тој ги повикал турските и ерменските страни да формираат заедничка комисија за истражување на настаните.

„Се надевам дека американскиот претседател ќе се откаже од погрешниот потег што е можно поскоро“, рече Ердоган.

Тој исто така ги критикувал САД затоа што не нашле решение за деценискиот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах, каде САД, Русија и Франција беа медијатори, а потоа, додал тој, Вашингтон само молчеше и гледаше како се случуваат масакри“.

„Ако кажете геноцид, тогаш мора да се погледнете во огледало и да направите проценка. Што се случи со домородните Американци, не морам ни да спомнувам, но она што се случи е јасно. Со сите овие вистини, не можете да обвинувате за геноцид од страна на турскиот народ“, рекол Ердоган.

Слични содржини