Ердоган бара од Бајден да не го користи зборот ГЕНОЦИД!

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати апел до американскиот претседател Џозеф Бајден за брзо менување на декларацијата за масакрот врз Ерменците извршен од Отоманската империја во 1915 година, откако Бајден го употреби зборот „геноцид“.

Ердоган во понеделникот рече дека таквата проценка е вознемирувачка и ги нарушува билатералните односи.

Декларацијата на Бајден во саботата ја разбесни Турција, која рече дека изјавата отвори „длабоки рани“ во односите што веќе се затегнати од бројни проблеми, пренесува „Ројтерс“.

Во првите коментари на изјавата на Бајден, Ердоган рече дека „погрешниот чекор“ ќе биде пречка за односите, а потоа ги советуваше САД „да се погледнат во огледало“ и додаде дека Турција сепак сака да воспостави „добрососедски односи“ со Ерменија.

„Претседателот на Соединетите држави даде оценки кои се неосновани, нефер и неточни за тажните настани што се случија во нашиот регион пред повеќе од еден век“, рече Ергодан по состанокот на владата.

Тој ги повика турските и ерменските страни да формираат заедничка комисија за истражување на настаните.

„Се надевам дека американскиот претседател ќе се откаже од погрешниот потег што е можно поскоро“, рече Ердоган.

Слични содржини