Ердоган: Го барам Путин, но тој не ми крева телефон!

од Vladimir Zorba

Турција требаше да реагира поинаку, ако знаеше дека соборениот од турски борбен авион е руски. Тоа,go  рече турскиот претседател Реџеп Ердоган. “Ако знаевме дека тоа е руски авион можеби требаше да го извести поинаку”, рече шефот на државата пред францускиот телевизиски канал “France 24”. Тој исто така рече дека по инцидентот во вторникот рускиот претседател Владимир Путин не му   одговорил на неговото  телефонско јавување и дека тоа на врските меѓу двете земји може  сериозно да му наштети.

erdo tel

“Јас му ѕвонев   на  Путин, но до сега тој  не дига и не одговори на мојот повик”, додаде Ердоган. Во своето интервјиу  за телевизискиот канал турскиот претседател исто така, рече дека Анкара не соработува со “Исламска држава” и ги отфрли тврдењата на Москва дека Турција купува нафта од групата. “Се разбира дека тоа е лага, тоа е клевета”, рече Ердоган. “Ние никогаш не сме имале ваков тип трговски односи со ниедна терористичка организација. Тие ќе мора да го докажат и ако го сторат  тоа Ердоган ќе ја напушти функцијата “, рече уште претседателот.

Денес Турција го повика својот амбасадор на Русија во земјата поради насилните протести на Руси пред амбасадата на земјата во Москва. Неколку стотици млади активисти во средата ја гаѓаа со камења и јајца зградата на амбасадата и откорнаа некои од прозорците. “Ние сме згрозени дека нашето дипломатско претставништво во Русија, како и турски компании станаа жртви на физички напади, извршени под изговор на протести”, рекоа од Министерството за надворешни работи во Анкара. / АФП

Слични содржини