5 милионски митинг во Турција. Ердоган зборуваше последен , ама најави до среда дека ќе расичсти сè, а ако изгласаат ќе им ја врати и смртната казна. Прв беше лидерот на опозицијата по него, премиерот кој му се заколна на верност заедно со народот на Ердоган. Местото на митнингот беше како црвено море од знамиња на Турција.

Лидерот на Републиканска народна партија во Турција, Кемал Киличдароглу се обрати на многумилионскиот митинг во Истанбул со повикот земјата да се стреми кон зачувување на секуларниот и парламентарниот карактер. Во 12 точки го тој состави патоказот по обидот за преврат од 15 јули. Главниот опозициски политичар истакна дека кога државата се бори против неправдите, нема право да се опкружува со закани и неотуѓив нејзин долг е да се развива под владеењето на правото. Дури само еден човек да е оштетен од загубата на лебот и егзистенција, да се судрил со неправда, тоа е загуба за цела Турција и кога ќе почнеме да ја градиме повторно земјата, не треба да се сопнуваме на старите бариери, изјави Киличдароглу. Тој истакна дека е должен на сите во Турција да ги надмине тешкотиите и посебно го нагласува односот кон жените. Има уште многу луѓе кои не го признаваат нивното присуство во секој сектор и момент на животот, но ние не можеме да ги игнорираме, сите ние сме родени од жени и се гордеам дека имаме такви сестри, посочи републиканецот.
Киличдароглу изјави дека датумот на обидот за преврат 15 јули е посебен и тука се отвора нова врата кон нова Турција, а политичарите се должни да ја извлечат најважната лекција за себе, за да создадат за генерациите една обединета нација. Првиот услов за иднината на земјата Киличдароглу го гледа во јасното отсуство на политиката од џамиите, касарните и судскиот систем. Неопходна е темелна самокритичност во политичкиот систем, потребни се компромиси, историјата треба да се анализира внимателно и не треба да дозволиме повторување на грешките, повика тој.
Државата треба да се изгради со достоинство и во сите случаи според принципите на демократијата и волјата на народот без сомнителни активности, и најважното – не ги напуштајте основните вредности на републиката, инсистираше Киличдароглу.

Тој повика и за зајакнување на парламентарниот систем, и потсети дека и во текот на ноќта, кога зградата на Националното собрание беше напаѓана со бомби, никој од пратениците не се сокрил од страв. Слободата на медиумите, непристрасноста и независноста на судството, неизбежноста на секуларизмот, тоа според него се клучните сегменти на демократијата, кои се валидни не само во деновите по обидот за преврат, туку и за идниот развој на земјата.
По него зборуваше премиерот Бинали Јилдирим кој ги определи мерките против поврзаните Гулен превдрадаџии како војна за независност и му се заблагодари на Аллах за тоа дека убиените во судирите маченици на демократијата лежат со чест во земјата, а жителите на 81 провинција оддаваат почит на нивната меморија и се подготвени да го следат примерот.

Тој се обрати лично кон претседателот Ердоган и се заколна дека заедно со народот и политичките сили целите од планот за 2023 година ќе бидат исполнети, а “сите предавници и микроби кои се спротивставија на Турците и Курдите, ќе бидат исчистени така, како и можностите за терористички групи “. Нема да отстапат од демократијата, непријателите ќе се стопат, пријателите ќе се множат, а лидерот на терористите ќе биде вратен на Турција и ќе одговара за своите злосторства, вети премиерот.
Претседателот Реџеп Ердоган зборуваше последен. Ердоган и неговата сопруга застанаа на милионскиот митинг.
Вечерва го ставаме бедемот во заштита на демократијата, во средата ќе ставиме точка објави изненадувачки турскиот претседател Реџеп Ердоган пред скоро 5-милионскиот митинг во Истанбул. Силите за безбедност го обезбедија присуството на сите учесници. Темата за враќање на смртната казна повторно беше анонсирана како желба на народот – ако таква е неговата волја, сметам дека политичките сили ќе се усогласат со тоа, изјави Ердоган.

Штом во САД, Јапонија и Кина има смртна казна, а во Турција имаше до 1984 година и потоа беше поништена, што пречи, ако народот одлучи тоа да биде вратено, партиите ќе се потчинат на неговата волја, посочи тој.
Спектакуларниот митинг во неделната вечер во реонот Јеникапи крај Босфор беше планиран како завршен за секојдневните масовни демонстрации, кои следеа по пропаднатиот обид за државен удар од 15 јули. Кон финалето на долгиот говор сепак претседателот овозможи слични вечерни собири да се одржуваат уште три дена и дури ја праша масата дали тоа ќе ѝ биде удобно. Пред тоа тој го опиша во детали преживувањето од споменатата ноќ на бунтот, која му се случи додека беше на одмор во хотел во Мармарис.

Ердоган ги осуди сторителите на кривично дело, го истакна недостатокот дури на минимална разлика помеѓу нив и терористите на ПКК и ДАЕШ (групата “Исламска држава”), нагласувајќи ја спонтаноста и единствената народна волја да се заштити земјата, и посочи дека сите се свесни на кого би била поднесена “на послужавник” милениумската географија на Турција, ако бунтот беше успеал.
Тој не пропушти да нагласи дека како и во текот на ноќта на 15 јули, така и вечерва на мегамитингот и народот, и политичките лидери се рамо до рамо и рака под рака под едно знаме, и дека тоа е светол израз на националното единство на Турците, Курдите, лазите (потомци на југозападни кавказци и североисточни анадолци) и Арапите, кои заедно се кренаа против тенковите и оружјето на бунтовниците.
Во својот долг говор претседателот истакна дека организаторот, виновниците, учесниците и поддржувачите на обидот за преврат ќе ја добијат најтешката одмазда и изрази уверување дека секаде во светот каде има Турчин, срцето му бие за турскиот народ. “Сакав конференциска видео врска со митингот за поддршка на демократијата во Германија – не ми дозволија. Каде е тука демократијата? Сепак за курдските сепаратисти може. Ајде да се свесни (во Германија) нивната иднина нема да е според очекувањата, ќе ги погоди бумеранг, ајде нека ги хранат терористите, тие утре со нив ќе се судираат “, го коментира Ердоган личното разочарување. Алах да даде милост за убиените ни браќа 172 цивили, 63 полицајци и 5 војници, вкупно 240 маченици, Севишниот да даде брзо исцелување на 2 195 повредени, упати молитва турскиот претседател .
Потоа сцената беше отстапена на 500 ѕвезди на естрадата. Митингот “Демократија и маченици”, организиран во Истанбул по пропаднатиот обид за државен удар на 15 јули, собра стотици илјади приврзаници на турскиот претседател Реџеп Ердоган, напиша порано АФП.
Покрај Ердоган и неговата сопруга Емине, присуствуваа премиерот Бинали Јилдирим и неговата сопруга, лидери на парламентарно претставените опозициски партии. Местото на настанот беше како црвено море од развеани турски национални знамиња, поделени на присутните, како и капи.
Покрај 2,5 милиони национални знамиња, беа подготвени и 3 милиони шишиња вода, а градскиот превоз беше бесплатен, за да се олесни движењето на учесниците кон Јеникапи. Митингот започна со пеење на националната химна на плоштадот, следеше читање на извадоци од Куранот. Мерките за безбедност беа драконски. Мобилизирани беа 15 000 полицајци.
Настанот се емитуваше директно и можеше да се гледа на големи екрани во целата земја и во Пенсилванија, САД, каде живее во доброволно прогонство Проповедникот Фетхулах Гулен. Анкара го обвинува дека стои за обидот за преврат, тој ги отфрли обвинувањата и исто така објави дека е против превратот. Безмилосната чистка по бунтот ги зафати армијата, судството, јавната администрација, образованието и науката, медиумите. 60 000 луѓе беа отпуштени, приведени за кратко или уапсени. Претседателот Ердоган сепак, рече дека ова е само “врв на ледениот брег”.