Ердоган: Ќе го „исчистам“ мигрантскиот камп во Ирак ако ООН не го стори тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе го „исчисти“ бегалскиот камп Макмур во Ирак за време на конфликтот со курдските милитанти, доколку ООН не го сторат тоа.

Тој за телевизијата ТРТ изјави дека кампот Макмур е „инкубатор за непријателите на Анкара“.

Ердоган рече дека Анкара повеќе не може да чека ООН да ги протера милитантните групи од Макмур, што е на околу 180 километри од границата со Ирак со Турција.

– Ако ООН не го исчисти логорот, тоа ќе го сториме ние како членка на Обединетите нации – посочи Ердоган.

Турскиот лидер изрази верување дека Макмур, како упориште на Курдистанската работничка партија (ПКК) на планината Кандил, претставува голема закана за Турција, објави „Русија денес“.

Тој истакна дека е потребно да се реагира кога станува збор за споменатиот камп за мигранти.

Турција минатата недела се пожали на Ирак за „терористичките активности што ги спроведува ПКК од кампот Макмур против Анкара“.

Слични содржини