Тешко е отсега да се предвиди како сите овие процеси ќе ја менуваат Турција.
Беше 11 октомври, кога лидерот на Партијата националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели ја обнови долготрајната дискусија за воведувањето на претседателскиот систем и алармира за поддршката на неговата партија за амандманите предложени од Партијата на правдата и развојот (АКП). Кај 316 гласа во парламентот АКП очајува за најмалку 14 дополнителни гласови за да ги подложи уставните амандмани на референдум и поддршката на располложливите 40 места МХП доаѓа токму во вистинскиот момент. Скоро еден месец откако Бахчели се изјасни со поддршката за АКП, владејачката партија претстави проектот за уставните амандмани на националистичката опозициска партија со очекување дека текстот ќе биде завршен во текот на следните неколку недели, по вметнувањето на потребните фини подесувања. Лидерот на АКП и премиер Бинали Јилдирим и лидерот на МХП Девлет Бахчели, го повикаа Кемал Киличдароглу, водич на Републиканската народна партија (ЦХП) да се приклучи на нивниот обид за промена на уставот и системот на управување.
Киличдароглу остро ги обвини АКП во обид за наметнување на диктаторски режим во Турција преку системска промена, давајќи ги сите овластувања на едно лице. Познато е дека прокурдската Народна демократска партија (НДП), која веќе е речиси целосно парализирана по апсењето на двајцата нејзиното претседавачи и на десетина нејзини пратеници за наводни врски со терористи, и е против такви промени, но нејзиниот глас тешко ќе се чуе.
Нема да биде изненадување проектот да биде претставен во парламентот до крајот на годината и гласањето на пратениците да се одржи во јануари или почетокот на февруари. Во таков случај референдумот ќе се одржи или во април или во мај, во зависност од темпото на парламентарните избори. Според Нурај Бабаџан, искусниот политички новинар на весникот “Хуриет” и шеф на парламентарната оддел, проектот АКП-МХП, тој предвидува овластувањето на претседателството со право да именува министри и половина од клучните места во правда, да издава со декрети закони, но со разлабавен систем за проверка и рамнотежа.
Претседателот ќе може да биде проверуван само од парламентот при одобрување со 367 гласа, но се бараат најмалку 413 од 550-те гласови за изведување пред Врховниот суд. Проектот исто така предвидува двајца потпретседатели, иако АКП поддржува само еден. Шпекулациите се дека второто место е резервирано за МХП. Секако, ова е уште еден проект и МХП ќе предложи измени во текстот.
Реџеп Таип Ердоган ќе се радува на некои овластувања кои ќе му бидат загарантирани преку привремени прописи. Интересен момент е и фактот иако јавното мислење ќе ја поддржи промената кон претседателски систем во 2017 година, воведувањето ќе започне по претседателските избори во 2019 година, гласи проектот. Дотогаш сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се радува на некои овластувања кои ќе му бидат загарантирани преку привремени прописи што ќе му овозможи да го заврши својот петгодишен мандат. Ова ќе му овозможи да има уште два мандати како претседател од 2019 година и во таков случај, ако гласовите за него се повеќе од 50% во 2019 и 2024 година, тој ќе управува со земјата со полни овластувања до 2029 година Тешко е отсега да се предвиди како сите овие процеси ќе ја менуваат Турција и нејзиниот народ, и колку тие ќе донесат мир и стабилност. Она што може да се каже е фактот дека недостатокот на демократски убедувања со почитување на човековите права и основните слободи ќе доведе до повеќе проблеми.
——–
Серкан Демирташ, “Хуриет”.