Ердоган нема мерка и само гледа како да си го зајакне султанскиот режим и  да ги вклучи сите кои го критукуваат во пакетот предавници , непријатели на држава изедначуваќи ги со терористи.

ердон

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека давањето оценка за некого дека е терорист треба да се прошири и во себе да ги вклучува и поддржувачите на тероризмот, кои, исто така, се виновни, пренесува БТА.

– Не само човекот кој го повлекол чкрапалото, туку и оние кои тоа го направиле можно треба да бидат класифицирани како терористи, независно како се нарекуваат, изјави Ердоган по новиот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица.

„Поддржувачите можат да се новинари, пратеници или активисти“, додаде тој.

Турската армија ги отфрли руските обвиненија дека нејзини единици се наоѓаат на сириска територија, додаваат британските медиуми.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера за телевизијата „Рен“ изјави дека Москва располага со докази за присуството на турски вооружени сили на сириска територија, потсетуваат британските медиуми.

Слични содржини