Ерменија ја потврди својата подготвеност да ги продолжи преговорите со Азербејџан со посредство на ЕУ

од Radmila Tasevska

Ерменија ја потврди својата подготвеност да ги продолжи преговорите со Азербејџан со посредство на ЕУ, изјави пратеникот Артур Ховханесјан од партијата „Граѓански договор“, чиј претседател е премиерот Никол Пашинјан.

– Во моментов не е јасно дали преговорите ќе бидат обновени, рече Ховханесјан. – Се разбира, и Ерменија го поддржува продолжувањето на преговорите во овој формат, бидејќи приоритет во агендата на земјата е воспоставување мир во регионот, додаде тој.

Неодамна, Азербејџан одби да учествува во преговорите со Ерменија со посредство на ЕУ и САД, иако претходно беа постигнати неколку договори со посредство на Европската Унија. Но, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во објава на Икс соопшти дека разговарал со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за да му честита на неговиот реизбор и дека ја поздравува посветеноста на Азербејџан да учествува во трилатералните разговори во Брисел.

Слични содржини