Ешли Грем откри до кое правило за родителски совети секогаш се придржува

од Stefanija Kuzmanovska

Ешли Грем ужива во мајчинството. Најпознатата плус-сајз манекенка стана мајка на момчето Исак пред 16 месеци, а семејството го прошириле и многу нејзини пријатели. Искра Лоренс роди бебе во април 2020 година, а Џиџи Хадид пет месеци подоцна. Во март 2021 година, се породија и Емили Ратајковски и Карли Клос.

„Неверојатно е колку пријатели кои се мајки имам сега. Само се појавуваат“, се пошегува таа за „E! News“.

Супермоделот вели дека ужива да се дружи со жени на кои „може да им се јави секогаш кога има прашање во врска со бебиња или бременост“. Таа исто така посочува дека скоро секој од нивните разговори се врти околу децата.

„Кога ќе седнете со друга мајка, зборувате само за тоа како е да се биде мајка. И се обидуваш да не го правиш тоа, но на крајот на краиштата само за тоа зборуваш. Сепак, јас секогаш се држам до едно правило. Пред да дадам совет , го прашувам соговорникот дали воопшто го сака“, додава таа.

„Има толку многу несакани совети кои ги добивате веќе во бременоста. Се чувствувате малку бомбардирани, па мислам дека е најдобро, во разговор со оние кои се бремени или штотуку добиле бебе, да прашате дали воопшто сакаат некој совет пред да го дадете“, заклучи таа.

Слични содржини