Ештон Катчер и Мила Кунис веќе се подготвени да имаат уште едно бебе, иако нивната ќерка Вајат уште нема годинка.65799799678ff2b8b6089be45be9ecf5

Холивудската двојка го доби своето прво дете минатата година во октомври, но наводно актерите веќе се подготвуваат за уште еден наследник, бидејќи не сакаат нивните деца да бидат со голема возрасна разлика.

Мила и Ештон веќе работат за бебе и се надеваат дека ќе можат да се пофалат со втора бременост до крајот на летото.

Извор близок до дуото вели: “Ќерката им донесе толку многу радост во животот, што веднаш стана нивен главен приоритет. Мила знае дека со две деца ќе ѝ е потешко, но е убедена дека сака уште едно бебе. ”

37-годишниот Катчер има брат близнак – Мајкл и од таа причина се надевал дека Мила исто така ќе забремени со близнаци првиот пат. Освен тоа тој неодамна изјави во интервју дека партнерката е одлична мајка.

Слични содржини