99
Нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина преку дијалог со посредство на Европската унија останува клучна за регионалната и европската стабилност, изјави американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Во интервју за агенцијата Мина, Ескобар одговара на прашањето како евентуалното потпишување на германско-францускиот план ќе влијае на регионалната стабилност.
Тој додаде дека нормализацијата ќе ја отвори вратата за политичка и економска интеграција на Белград и Приштина во Европа и ќе придонесе за поголема стабилност и просперитет на целиот Западен Балкан, пренесува ЦДМ.