Еспирито Санто и официјално на клупата на Тотенхем

од Vladimir Zorba

Ниту Антонио Конте, ниту Џенаро Гатузо, ниту Пауло Фонсека – нов менаџер на Тотенхем е Нуно Еспирито Санто.

Португалецот потпиша договор до 2023 година, а информацијата ја потврди клубот од Лондон.

„Почестен сум и задоволен што сум менаџер на Тотенхем. Немаме време за губење – мора да започнеме со работа веднаш, предсезоната започнува за неколку дена“, изјави Еспирито Санто.

Тој го водеше Вулверхемптон претходните четири години. Со „волците“ тој влезе во Премиер лигата од Чемпионшип и го направи клубот стабилен прволигаш.

„Сакам да му посакам добредојде на новиот менаџер. Им благодарам и на навивачите за нивната трпеливост. Еспирито Санто може да направи нешто посебно со клубот“, изјави шефот на Тотенхем Даниел Леви.

Жозе Мурињо минатата сезона седеше на клупата на Тотенхем. Португалецот доби отказ во април, а тимот беше привремено предводен од Рајан Мејсон до крајот на сезоната.

Слични содржини