Шок во Мадрид – Крос не е единствениот: „Заминувам и јас“

од Nikola Popovski

Еден од клучните играчи на Реал Мадрид, 34-годишниот Тони Крос, оваа недела објави дека ја завршува кариерата по ЕП. Крос по десет сезони го напушта Реал Мадрид. Сепак, според саботните најави, се чини дека тоа нема да биде единственото заминување од кралскиот клуб.

Имено, уште еден играч од средниот ред најави заминување на крајот од сезоната, бидејќи практично испадна од сите комбинации, особено по договорот Лука Модриќ да остане.

Без разлика на статусот на Крос, се очекуваше Дани Себаљос да продолжи да го носи дресот на Реал, но по одлуката Модриќ да остане и Анчелоти да ја смени формацијата за следната сезона, 27-годишниот фудбалер реши повлече потег.

„И јас заминувам“, наводно им рекол Себаљос на своите пријатели, пренесуваат шпанските медиуми.

Поради талентираните Ѓулер и Паз, во Реал нема премногу да жалат за Себаљос, а можните дестинации се веќе на повидок. Имено, Атлетико Мадрид и Милан сакаат да го видат Шпанецот во своите редови, а Реал се надева на барем некаква заработка за некогашниот голем талент на шпанскиот фудбал.

Слични содржини