ЕУ и Ерменија се подготвуваат за преговори за безвизен режим

од Radmila Tasevska

Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан на денешната средба во Брисел со високиот европски претставник за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел разговараа за можноста за отпочнување на преговори за безвизен режим.

– Ја охрабрувам Ерменија да продолжи со реформите за да постигне напредок за визното прашање. Нашите односи се развиваат во позитивна насока и откривме дека треба да се направи повеќе за целосно искористување на можностите за соработка. Во октомври минатата година, Европскиот совет одлучи да бара начини за зајакнување на врските на ЕУ со Ерменија. Денеска решивме да започнеме со работа на нова агенда на билатерална соработка. Ова е израз на нашиот заеднички интерес за нова стратешка фаза на соработка, посочи Борел.

Тој ги осуди вчерашните акции на ерменската војска против азербејџанските сили, но денешниот одговор од азербејџанската страна го нарече „несразмерен“.

– ЕУ е решена да поддржи траен мир заснован на признавање на суверенитетот, нарушување на границите и зачувување на територијалниот интегритет, наведе Борел.

Тој истакна дека денеска Европската комисија одлучила да додели дополнителни 5,5 милиони евра хуманитарна помош за Ерменија, а минатата година обезбедила 12,2 милиони евра по настаните во Нагорно-Карабах.

Ќе ја продолжиме поддршката за Ерменија, вклучително и за прием на бегалци од Нагорно-Карабах, додаде Борел.

Слични содржини