Ева Лонгорија нема трпение да се пресели во својот нов дом – поранешниот холивудски дворец на Том Круз.4667199

Тоа го изјави актерката, која исто така призна дека била многу импресионирана од имотот. Зградата, која се наоѓа во “Холивуд Хилс” чини 11,4 милиони долари. Покрај главната куќа во него има и место за сместување на гости, загреан базен, како и голема градина.

“Го познавам Том, тој е прекрасен човек”, рече ѕвездата пред американското издание “Us Weekly”. “Тој има направено прекрасни работи за оваа куќа, бидејќи таа беше убава и зашеметувачка. Во моментот кога ја видов си реков “Тоа е дом”, вели ѕвездата.

Ева Лонгорија: Веќе се чувствувам како мажена жена

Сепак актерката и нејзиниот иден сопруг Хозе Бастон ќе преземат некои освежителни поправки, за да создадат совршено место за живот за нив. Бизнисменот ѝ предложи брак на темнокосата убавица во декември минатата година. Сепак Ева признава дека не брзаат да се венчаат и се уште уживаат на свршувачката.

Слични содржини