Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базен: Пет лица отруени, затворени и околните улици

од Симе Стоиков

Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот дошло до штетни испарувања. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба. Вработените во хотелот се повредени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок. Отровни испарувања доаѓале од спа и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

Слични содржини