Еве како секој хороскопски знак своите маани ги претвора во предности

од Elena Daskalova

Секој човек има свои маани и не треба да се очекува од никого да биде совршен. Но, секој од нас може своите маани да ги претвори во предности.

Астрологијата ни покажува како е можно тоа:

Овен

Овните се нарцисоидни и имаат силен нагон за преживување и самозаштита. Оставаат впечаток дека се себични и дека мислат само на себе, но воопшто не е така, бидејќи ви помагаат и самите да се држите до своето.

Бик

Тие се мрзливи и неуредни, но тоа им помага да ја гледаат поголемата слика на нештата и да ја сфатат важноста на она што на прв поглед се чини како небитно. Во својот неред тие се најмирни и не мислат на грижите.

Близнаци

Тие се ладни, резервирани и некомуникативни. Но, ова им помага да бидат доста посамоуверени во однос на оние кои се околу нив, но и им остава време да проценат кои луѓе ги сакаат блиску до себе, а кои не.

Рак

Тие не знаат да простуваат и може и со години да мразат. Научиле дека довербата мора да се стекне и многу се внимателни кога запознаваат некој нов и кога треба да му дадат простор да влезе во нивниот живот.

Лав

Лавот е голем егоманијак. Тоа му овозможува да биде силен кога е најпотребно и да не се предава. А, токму таа одважност и животот без страв му помагаат да се снајде и во најнезавидните ситуации, а потоа да излезе како победник.

Девица

Девиците сакаат да судат. Нивните остри проценки помагаат да го издвојат важното од неважното и да си веруваат на себе. Тие едноставно, не сакаат да губат време на глупости.

Вага

Вагите често се патолошки лажливци, а добро за нив е само чувството што го добива кога знае дека сите други му веруваат. Секогаш ќе се снајде и ќе си помине добро без некои сериозни последици.

Скорпија

Скорпиите се садисти и манипулатори, а токму тоа им помага да гобијат сè што сакаат. Некогаш се и многу сурови, но секогаш нештата ги вртат во своја корист и ги користат сите асови од ракавите.

Стрелец

Со овој хороскопски знак заедничкиот живот е невозможен, бидејќи ако нешто не му се допаѓа без размислување заминува и нема да се појави никаде каде нема нешто интересно за него. Сам себе си е најдобар пријател.

Водолија

Водолиите се себични и отстрана изгледа дека имаат многу, но во суштина тоа е само привидно. Другите тоа не го забележуваат, па секогаш во нивни очи ќе биде личност која знае да располага со нештата кои ги има.

Риби

Се работи за личност која е претерано чувствителна. Оваа особина им оди по нерви на другите, но нив им помага да се заштитат од манипулаторите.

loading...

Слични содржини