Евро Куп во Параглајдинг во Маврово

од Vladimir Zorba

Овој викенд 26-27.06.2021 во Маврово се одржува традиционален параглајдинг натпревар “Маврово Опен 2021”.

Оваа година натпреварот има поголемо значење бидејќи е дел од Евро Куп серијал кој се одржува на 5 локации во светот вклучувајќи го и Маврово.

На терените кај жичарите прецизно ќе слетуваат пилоти на параглајдер цела европа и балканот. Маврово е особено привлечно за параглајдери поради прекрасниот пејсаж над мавровско езеро.

Организатор на настанот се параглајдинг клуб Кондор од Гостивар и Воздухопловна Федерација на Македонија. Овој настан доби поддршка од Агенција за млади и спорт.

Изјава организатор Ментор Саити: Повелете во недела во Маврово да уживате во техниката на параглајдеристите кои ќе се борат што попрецизно да слетаат во цел. Особено сум среќен за поддршката која ја добив од Воздухопловната Федерација и Агенцијата за млади и спорт. Директорот Наумче Мојсовски е спортист пред се кој знае да процени вредни луѓе, професионалци, кои се ангажираат за доброто на спортот.

Воздухопловна Федерација, Биљана Еверетте: „Оваа година како и лани е особен предизвик и за организација и за учество на спортисти надвор. Сепак успеавме да ги придвижиме работите. Ги повикуваме граѓаните на спортски натпревар во недела во Маврово, настанот ќе се одржува од 09 до 17 часот кај жичарите. Ве очекува добар планински воздух и несекојдневен настан“.

Овој викенд е исто така значаен бидејќи Воздухопловната федерација во сабота во Маврово ќе ја формира првата Комисија за жени во спорт во историјата на воздухопловството. Формирањето на комисијата е реализирано со поддршка на Агенција за млади и спорт и Влада на РСМ. Во комисијата ќе членуваат воздухопловки од различни спортови (падобранство, параглајдинг, моделарство, авијатика, едриличарство) кои ќе се ангажираат за доброто на жените во спортот.

Слични содржини