Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на Навални: „Русија да плати 40.000 евра“

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди руската влада да му плати на политичарот Алексеј Навални, кој е во притвор, отштета во износ од 40.000 евра затоа што одбилa да го истражи неговото труење, пишува на веб-страницата на ЕСЧП, пренесува „Новаја газета Европа“.

Судот заклучи дека Русија ги прекршила правата на политичарите, поточно членот 2 од Конвенцијата за човекови права, кој го штити правото на живот.

Меѓутоа, Русија повеќе не ги признава пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Земјата беше исфрлена од Советот на Европа поради војната против Украина.

Поради тоа, таа повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, за чие почитување е надлежен судот. Неколку илјади постапки против Русија се во тек во Стразбур.

На роденденот на Алексеј Навални, 4 јуни, руските граѓани ширум светот излегоа на централните улици на нивните градови во знак на поддршка на опозиционерот.

Акции се одржаа во најмалку 120 градови.

Како што јави ОВД-Инфо, во Русија се приведени најмалку 109 лица.

Да потсетиме, во меѓувреме на Навални денеска му претстои ново судење под обвинение за екстремизам во судски процес кој е затворен за јавноста.

Слични содржини