Facebook и Instagram го забранија Ендрју Тејт

од Vladimir Zorba

КОНТРОВЕРЗНИОТ инфлуенсер Ендрју Тејт е забранет од Facebook и Instagram.

Тејт беше отстранет од двете платформи поради кршење на политиката на Меtа за опасните организации и поединци, потврдија од компанијата за CBS News. Поранешниот професионален кик-боксер имал 4,7 милиони следбеници на Инстаграм пред забраната, според Би-Би-Си.

Инфлуенсерот разговарал за забраната на Twitch со популарниот стример Адин Рос, на кого му рекол дека не знае точно зошто е забранет од платформите и дека верува во „правилен процес“.

„Не сум лут на нив на кој било начин. Тоа не е голема загуба за мене. Тоа не е нешто што го користам премногу често. Но, ја разбирам нивната позиција”, рече Тејт, кој првпат се прослави како натпреварувач на британскиот „Голем брат“ во 2016 година.

Тој беше исфрлен од шоуто поради видео кое се појави на кое се гледа како напаѓа жена. Посочи дека видеото е монтирано и „целосна лага, која се обидува да направи да изгледам лошо“.

Често искажува мизогински ставови

Оттогаш, тој стана познат ширум светот по тоа што искажува мизогински ставови и ги критикува жените на различни платформи. Тој беше суспендиран од Твитер во 2017 година бидејќи изјави дека жените „сносат одговорност“ за сексуален напад, во време кога се појавуваа обвинувањата против Харви Вајнштајн.

Тој, исто така, ги нарече жените „суштински мрзливи“ и дури објасни како мажот треба да има „авторитет“ над жената со која излегува. Во последниве години, тој стана многу популарен на TikTok и YouTube, две платформи кои се исклучително популарни меѓу тинејџерите.

Иако сметката поврзана со Тејт е трајно забранета од TikTok, компанијата вели дека продолжува да ги заострува мерките против видеата во кои Тејт изразува омраза идеологии, поставени од различни профили. Видеата со хаштаг #andrewtate имаат повеќе од 13 милијарди прегледи на TikTok.

„Мизогинијата е идеологија со омраза што не се толерира на TikTok. Нашата истрага за оваа содржина е во тек додека продолжуваме да ги отстрануваме навредливите профили и видеа и да спроведуваме мерки за зајакнување на спроведувањето, вклучително и нашите модели за откривање на овој тип на содржина“, рече портпаролот на компанијата за CBS News.

Слични содржини