Словенечката европратеничка, Тања Фајон за белградски „Данас“ истакна дека ЕУ не може повторно да ја изневери С.Македонија, која повеќепати потврди дека за неа нема алтернатива на патот кон ЕУ и на добрососедските односи со Бугарија.

„Не можеме повторно да ги изневериме. Ние мора да најдеме решение со Бугарија во духот на дијалогот и да ја вратиме нивната доверба во овој процес. Земјите членки имаат уште една можност да одлучат до крајот на годината и да ја отворат вратата на ЕУ за нашите пријатели од Северна Македонија, бидејќи тие тоа го заслужија“, истакна Фајон, која е претседател на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент.

Според Фајон, ветото од Бугарија за преговарачката рамка со земјава предизвикало разочарување не само кај народот на Северна Македонија, чија иднина очигледно е во Европската Унија, туку и кај Европскиот парламент, кој останува силен поддржувач и сојузник на Северна Македонија.

Слични содржини