Фатени 19 пијани возачи во Скопје

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2023) полициски службеници од СВР Скопје на територија на град Скопје изрекоа севкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола и 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочија од МВР.

Слични содржини