Фаучи: Индија треба да биде во целосен локдаун

од Nikola Popovski

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ѝ препорача на Индија да воведе мерки за локдаун на неколку недели за да се запре ширењето на коронавирусот.

„Овој вирус ни покажа дека, ако се остави на своја сопствена состојба, тој ќе експлодира во општеството“, предупредува тој во интервју за „Индијан експрес“.

„Никој не сака да ја заклучува државата… Но, ако го сторите тоа само неколку недели, може да имате значително влијание врз динамиката на проширување и пренесување на вирусот“, рече Фаучи, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Гласот на Америка.

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Индија малку се намали во неделата, но бројот на смртни случаи се зголемил за рекордни 3.689.

Во исто време, уште една индиска држава воведе карантин.

Сами бараат лекови

Вкупниот број на заразени надмина 19,5 милиони во неделата.

Досега починале 215.542 лица од коронавирус.

Болниците, мртовечниците и крематориумите се преполни, откако во Индија се пријавени најмалку 300.000 нови инфекции повеќе од 10 дена по ред.

Многу семејства треба сами да бараат лекови и кислород.

Воведени се ограничувања во скоро десет индиски држави и територии, додека националната влада сè уште не сака да воведе карантин низ целата држава.

Слични содржини