ФБИ: Бомбите пронајдени во близина на Капитол на 6 јануари, биле поставени претходната вечер, полицијата моли за помош

од Nikola Popovski

Две бомби во метални цевки биле пронајдени на 6 јануари во близина на седиштето на демократските и републиканските партии, а биле поставени ноќта пред нападот врз Капитол, откри денеска агенцијата ФБИ, пренесува Си-Ен-Ен.

Федералните власти повторно ја зголемија наградата за информации за бомбашот, а денес беа објавени нови детали и нови фотографии од осомничениот. Министерството за правда ја подвлекува итноста на овој дел од истрагата, која продолжува да им задава најмногу главоболки на службените лица за спроведување на законот.

Новиот постер наведува дека бомбите биле поставени помеѓу 19,30 и 20:30 часот, на 5 јануари, ноќта пред нападот. ФБИ наведува дека осомничениот носи патики на Најк, модел „Air Max Speed ​​Turf“ во жолта, црна и сива боја, затоа се вклучени зголемени фотографии на патиките, како и слики од експлозивните направи.

Наградата за информации што би довеле до локација, апсење и осудување на лицето или лицата одговорни за поставување на бомбите, сега изнесува 100 000 американски долари. ФБИ и АТФ веќе ја зголемија наградата еднаш – на 75.000 долари, претходно овој месец.

Слични содржини