ФБИ објави снимка од човекот кој постави бомби пред седиштата на републиканците и демократите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

ФБИ објави снимки на кои се гледа како човек со качулка поставува бомби под седиштето на двете најголеми американски партии во САД, републиканската и демократската.

Бомбите беа поставени во Вашингтон ноќта пред насилните инциденти во Капитол, а беа пронајдени на денот на инцидентите.

На снимките објавени од ФБИ се гледа човекот кој ги поставил. Носел качулка, а на снимките може да се види од неколку агли.

ФБИ дава 100.000 долари за повеќе информации за сторителот.

Слични содржини