ФБИ вклучен во истрагата за смртта на внукот на Роберт Де Ниро: Полицијата привела една жена

од Stefanija Kuzmanovska

Леонардо Де Ниро, внукот на легендарниот актер Роберт Де Ниро, почина пред неколку недели на 19-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди мајката на момчето, Дрина, а набрзо се дознало дека покрај телото на Леонардо била пронајдена чинија со бел прав.

Како што подоцна објави Дрина Де Ниро, нејзиниот син починал од предозирање со фентанил, објави „Дејли мејл“.

Сега американскиот TMZ објави дека полицијата ја привела жената за која се верува дека е одговорна за предозирањето на Леонардо, а во истрагата е вклучен и ФБИ, бидејќи се сомнева дека наведената жена му ја продала на Леонардо дрогата која била помешана со голема доза фентанил, а тој не знаел за тоа.

Да потсетиме, Дрина е најстарата од седумте деца на Де Ниро, а нејзината мајка е актерката Дијана Абот, првата сопруга на Де Ниро. Дрина го доби Леонардо во брак со уметникот Карлос Маре.

Слични содржини